Настаните на ИФФК „Браќа Манаки“ како на филмска лента

Од:

Настаните на 34-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжуваат да се одвиваат како на филмска лента, а денеска почнаа со традиционалната посета на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта во Битола.

Делегација на фестивалот предводена од директорката Лабина Митевска, делегација на општина Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески, како и претставници на здруженија на граѓани и љубители на филмот положија цвеќиња на вечниот дом на првиот снимател на Балканот, Милтон Манаки.

Во фестивалскиот прес-центар средби со новинарите и анализа на своите кинематографски остварувања презентираа кинематограферите Беноа Соле за филмот „Ило Ило“ и Кшиштоф Птак за полскиот филм „Папуша“ кои учествуваа и во новосоздадената фестивалска програма „Опуштено со…“ што се реализира во фестивалскиот шатор поставен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола.

Проекциите на филмовите во конкуренција продолжува во 20 часот кога во големата сала на Центар за култура ќе биде емитуван филмот „Петта сезона“ во белгиско-холандска и француска продукција, а од 22 часот ќе биде емитуван филмот „Допир на гревот“ во кинеско-јапонска продукција.

Вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе бидат емитувани два нови македонски филмски производи, односно еколошкиот документарен филм „Велес Капут“ во кој е прикажана борбата на велешани за чист воздух, а точно на полноќ ќе биде емитуван филмот „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева и кинематограферот Горан Наумовски. Станува збор за филм со три приказни во кои оссумина неженети мажи се во потрага по среќа во Москва.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека денеска почна продажбата на влезниците за за финалната вечер кога ќе бидат доделени фестивалските награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање