Најновиот број на „Сум“ посветен на творештвото на Раде Силјан

Од:

Вистинските поети, се чини, се оние што и остануваат, од почетокот до крајот, верни на поетската вокација. Такви биле во светските поезии Неруда, Монтале, Гилвик… такви ќе истраат во македонското пеење Шопов, Матевски, Ренџов… Раде Силјан, од својата генерација е секако еден од нив.

Ова е дел од освртот на академик Луан Старова од 2007 година посветен на творештвото на Силјан, како еден од најзначајните домашни поети, критичари, теоретичари, антологичари, а е поместен во новиот 73. број на списанието за книжевност и култура СУМ. Списението, кое излезе деновиве од печат, е специјално мини-монографско издание кое е во целост посветено на творештвото и дејноста на овој поет.

На повеќе од 180 страници во списанието се собрани извадоци од целокупното петдецениско творештво на авторот, осврти од бројни домашни и странски академици, книжевници и теоретичари, а е збогатено и со фотографии.

Раде Силјан е роден на 16 април 1950 година во Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментот е директор на книгоиздателството „Матица македонска“ во Скопје, чиј основач е. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата (2008-2010, и 2010-2014 година), а сега ја извршува функцијата претседател на Собранието на ДПМ.

Автор е на над дваесетина поетски книги, и на бројни антологии, критики, есеи и прилози за македонката книжевност. За своето творештво има освоено бројни награди во земјава и во странство, меѓу кои и државната награда за животно дело „11 Октомври“, „Михаил Еминеску“ во Романија, „Геза Гардоњи“ во Унгарија, и други.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот