Националниот театар од Истанбул со „Хамлет“ на „Битола Шекспир фестивал“

Од:

Третата вечер од второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ е резервиран за Националниот театар од Истанбул, Турција, кој ќе се претстави со монодрамата „Хамлет“ во режија на Ишил Касапоглу, дело кое својата прва меѓународна изведба ја има токму во Република Македонија.

На денешната средба со новинарите, познатиот турски режисер Касапоглу го изрази своето изненадување што во мал град како Битола се етаблираше меѓународен фестивал посветен на творештвото на Шекспир. Тој посочи дека за секој актер фестивалите посветени на Шекспир се многу привлечни, бидејќи за актерите, прославениот англиски драматург претставува метафора за божество.

Актерот Булент Емин Јарар кој ја толкува насловната ролја во монодрамата која својата премиера во Турција ја имаше во октомври минатата година, најави добра претстава со специфична сценографија и посака исто како што Шекспир живее со векови, така и фестивалот во Битола да опстојува и во иднина.

Со новинарите се сретна и актерската екипа на претставата „Сон на летната ноќ“ во режија на Џон Блондел, а во изведба на Националниот театар од Тирана, Албанија, кој на фестивалската програма е во вторник.

Директорот на Театарот од Тирана Ервин Чули изрази задоволство од можноста за соработка со истакнат светски шекспиролог како што е режисерот Џон Блондел и посочи дека претставата која наишла на добар прием кај албанската публика е од најновата театарска сезона.

Поздравувајќи ги гостите, директорот на Народниот театар од Битола Валентин Светозарев потсети дека токму Битолскиот е првиот театар во Македонија кој на македонски јазик го постави Шекспир и тоа делото „Хамлет“. Битола, доаде, во македонската театарска историја е препознатлива и има дадено уште двајца актери кои ја толкувале ролјата на Хамлет, Ѓорги Јолевски и актуелниот битолски градоначалник Владимир Талески.

Синоќа, публиката во преполната сала на Битолскиот театар со силен аплауз и овации ја поздрави енергичната изведба на претставата на Театарот Комедија, „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски.

Второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ кое се затвора на 26 јули, е финансиски поддржано од Министерството за култура и општина Битола.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ