Машината за пишување на познатата писателка Агата Кристи од 1930-тите и ракописот од нејзиниот последен роман за инспекторот Херкул Поаро, кој со децении се чуваше во банкарски трезор, ќе бидат изложени на Универзитетот во Кембриџ во Англија.
На насловната страница на избледениот и кревок ракопис се наоѓа насловот на книгата „Завеса“ напишан со големи букви и со ракопис на Агата Кристи, заедно со нејзиното име и адреса „Гринвеј Хаус“ во градот Девон во југозападна Англија.
“Таа го напиша како подарок за нејзината ќерка Розалинда. Како што објасни, напишала нешто за да ја развесели Розалинда кога ќе се вратил дома од погребот”, изјави кустосот на изложбата и писателка на криминални романи Никол Апсон.
Наводно последната авантура на Поаро, во која умира легендарниот белгиски детектив, е напишана во раните 1940-ти за време на Втората светска војна со намера да се објави во случај Агата Кристи да не ја преживее војната.
„Тогаш ништо не беше загарантирано, но Агата Кристи напиша уште многу романи со Поаро пред да умре во 1976 година“, рече Апсон.