На ИФФК „Браќа Манаки“-Битола мастер клас со оскаровецот Роџер Дикинс

Од:

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска продолжува со мастер клас кој ќе го одржи оскаровецот, британскиот кинематографер Роџер Дикинс.

Годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело средбата со студентите и други учесници на фестивалот ќе ја одржи во малата сала на НУ Центар за култура.

– Отсекогаш сум сакал да фотографирам луѓе или да снимам документарци за нив. Сакам филмови со силни ликови. Сакам да го снимам човековото лице. Тоа е поинтересно од било што друго, и тоа е она што ќе продоложам да работам, вели Дикинс, кинематографер со најмногу Оскар номинации, рекордер во светски рамки.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека кинематограферот Роџер Дикинс е во Битола во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во филмот „Истребувач 2049“.

Паралелно на фестивалските сцени во Битола ќе бидат емитувани филмови во повеќе конкуренции и фестивалски програми.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола