На „БитФест“ гостува аргентинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата

Од:

По синоќешниот концерт на светски познатата оперска певица со битолско потекло Ана Синицки, Битолското културно лето вечер продолжува со настап на аргентинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата.

Анунциата е композитор на автодидакти. Дипломирал компјутерски науки на Универзитетот во Аквила во Италија со тезата „Автоматски систем за музичка анализа” и создал нов, сеопфатен модел на уметничка форма – лирска опера мултимедија.

Од „БитФест“ информираат дека Анунциата добил почести од неколку влади, а неговата опера „Енигма на афро-аргентинците“ (The enigma of the Afro-argentineans) од УНЕСКО е прогласена за опера од светски интерес.

Гостинот од Аргентина компонирал 150 дела, вклучувајќи симфонии, концерти, опери, камерна музика и многу композиции за пијано и филмска музика.

Во Битола вечер тој ќе презентира еден рецитал, аргентинска музика, шпанска музика, унгарски рапсодии, но и пијано соната број 8 „Македонија“ со четири посебно обработени музички теми.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска