Мурал ја краси зградата во центарот на Гевгелија

Од:

На фасадата од станбената зграда на гевгелиското шеталиште, се појави муралот „Бакнеж“ – композиција што беше селектирана од страна на комисијата при Министерството за култура во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“. Автори на композицијата се гевгелискиот уметник Миле Нечевски и Милош Стојановиќ од Скопје.

-Со овој мурал сакаме да потсетиме на важноста на таканаречената „жива“ уметност надвор од галериските простори, направена да облагодарува, критикува и да потсетува на улогата на уметноста во општеството, истакнаа авторите откако нивниот декоративен белег на гевгелиската зграда го доби конечниот изглед.

Фондацијата „Аполонија“ веќе најави уште еден проект со кој се предвидува долж шеталиштето, од кај Железничка станица до центарот на градот, на повеќе згради да бидат изработени мурали што ќе ги разубават фасадните површини во централниот дел на Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија