Министерството за култура ќе поддржи повеќе проекти на битолскиот Народен театар

Од:

Министерството за култура ќе поддржи подготовка на четири премиерни претстави во битолскиот театар, а средства се обезбедени и за гостување на ансамблот во Канада, истакна денеска Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.

На прес-конференцијата во Битола, Светозарев посочи дека Министерството за култура во целост ќе го финансира и најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“.

– Во рамките на националната програма за 2017 година, финансиски поддржани се претставите „За смислата на животот“, светска праизведба на текстот на Идо Нетанјаху во режија на Благој Мицевски, претставата „Дон Жуан“ од Молиер во режија на Андреј Цветановски, „Коцка“ од Достоевски во режија на Дејан Пројковски и претставата „Сонот на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Џон Блондел. Министерството во целост ќе го поддржи интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ кој годинава ќе се одржи во последната недела од месец јуни, изјави Светозарев.

Министерството за култура финансиски ќе го поддржи гостувањето на битолскиот театар во Торонто, Канада, а обезбедени се средства и за инвестиции во театарот.

– Во Торонто ќе гостуваме на „Деновите на македонската култура“ во Канада каде ќе ја одиграме претставата „Без паника“ што ја режира Благој Мицевски, истакна Светозарев и потврди дека со средства на министерството ќе биде извршена реконструкција на фасадата и осветлување на Центарот за култура, како и реконструкција на системот за ладење на театарските сали, рече Светозарев.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ