Министерот Адеми го прими албанскиот амбасадор Река

Од:

Министерот за култура, Асаф Адеми и албанскиот амбасадор во Македонија, Фатос Река на денешната средба изразиле задоволство од досегашниот степен на соработка во областа на културата меѓу двете соседни и пријателски земји.

– Република Македонија и Република Албанија споделуваат слични интереси на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО. Интензитетот на реализираните билатерални посети на сите нивоа е еден од најдобрите показатели за квалитетот на заедничките односи, посочил Адеми и уште еднаш ја истакнал потребата од продлабочување на интензивната соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот Река, како што соопшти Министерството за култура, го потенцирал значењето на взаемната поддршка во рамките на културната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија, особено во делот на соработката меѓу младите.

Тој ја нагласил поддршката на УНЕСКО за формирање клубови од Македонија заедно со своите партнери од Албанија кои реализирале неколку активности во рамките на проектот „Разбирање и почитување на културната разноликост – поттик за културна соработка за и од младите“.

Целта на проектот е да се унапреди културната соработка меѓу младите од Република Македонија и Република Албанија, да се стимулира разбирањето и вреднувањето на културните разлики и традиции преку информатичко – комуникациските технологии, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ