Романија, Словачка, Ерменија, Србија, Македонија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција и Бугарија се земјите кои ќе го претстават својот фолклор на 28-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“.
– Фестивалот почнува на 13 септември со дефиле низ улиците на Истибања, каде ќе се измешаат боите на македонските и странските култури. На свеченото отворање концертот ќе го почнат членовите на Фолклорниот ансамбл „Китка“ со учество и на сите гости-групи, истакна на денешната прес-конференција Стојко Митковски, уметнички раководител на фестивалот.
За време на петдневниот престој во Виница и Истибање, гостите ќе имаат концерти во Македонска Каменица и во Берово, а ќе ги посетат и културно-историските знаменитости на Скопје.
Фестивалот завршува на 18 септември со гала концерт на плоштадот во Виница.