Mеѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Од:

Општина Крива Паланка по шести пат го организира Меѓународниот тетарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ кој ќе се одржи од 15 до 22 септември.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски информираше дека фестивалот започнува в недела, а програмата и годинава ќе понуди богат репертоар, претстави од реномирани театарски куќи од Балканот, од земји со блиско и разбирливо говорно подрачје за публиката. Ќе гостуваат театри од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и од народниот театар Битола и народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.

Алексовски нагласи дека на првата фестивалска вечер ќе биде промовирана и монографија за фестивалот.

– Фестивалот официјално ќе отпочне в недела, со промоција на монографијата „Пет години театарски фестивал“, по што на годинашниот лауреат, познатиот македонски актер, Мето Јовановски ќе му биде доделена наградата за животно дело. Програмата и театарските претстави ќе се прикажуваат од 15 до 22 септември на сцената во Националната установа Центар за култура од Крива Паланка, рече градоначалникот Алексовски.

Тој потенцираше дека од востановувањето на фестивалот во 2009 година досега голема поддршка во организацијата добиваат од доајенот на македонската театарска уметност Милица Стојанова, кривопаланчанка по потекло, и актерот Страшко Милошевски, а како што рече, заслужни за добрата органзиација се и вработените во општинската администрација.

Инаку, организаторите најавија дека и годинава Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ ќе има хуманитарен карактер, а средствата собрани од продажбата на влезниците во соработка со Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи ќе бидат наменети за семејствата со социјален ризик.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ