Манифестација „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“

Од:

Во чест на 8 септември, Денот на македонската независност, НУ Музеј на Република Северна Македонија во соработка со Здружението „АРТИ КРАФТ“ денеска ќе одржи етно културна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“

– Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот го има етнолошкото богатство. Оваа година ќе настапат Ансамблот „Македонија“, Виолета Томовска, која ќе изведе неколку нејзини хитови, а од Истибања доаѓа фолклорниот ансамбал „Китка“. На платото пред Музејот ќе се одржи и базар на рактворби со учество на членовите на ЗУР „АРТИ КРАФТ“ и дваесетина ракотворци, соопштија организаторите.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање