Македонско научно друштво-Битола прослави 60 години постоење

Од:

Македонско научно друштво-Битола, најстарата организација во државата посветена на научно-истражувачката и публицистичка дејност, одбележа голем јубилеј – 60 години постоење.

Јубилејните манифестации и програмски активности на МНД-Битола се одржаа под покровителство на градоначалникот на Битола Наташа Петровска, која истакна дека претставува привилегија да се биде градоначалник во време кога се слави голем јубилеј и традиција што ја востановиле плејада научно-стручни и културни дејци.

– Длабок респект кон сите членови на МНД-Битола кои во минатото и денес се вградиле со своето делување, со сета егзактност, чистота, со сета артистичка уникатност, со сета разумна творба која дава посебен белег во значењето на човека. Изминаа шест децении во кои Друштвото напиша безброј содржини, сведоштва за поминатото во овој град, но и регионот. Низа едиции ја потврдуваат животворноста на овие простори кои МНД-Битола овозможило да го видат светлото на денот и засекогаш да останат како трајно сведоштво, рече Петровска.

За долгодишна соработка, афирмација и поддршка на Друштвото, МНД-Битола им додели јавни благодарници и признанија на претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски, Општина Битола, МАНУ, Министерство за култура, други национални и локални установи, а посебно признание му беше врачено на м-р Јован Д. Кочанковски (89 г.) единствен жив од 12-те потписници на иницијативата за формирање научно друштво во Битола во 1960 година.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година