Mакедонските и бугарските писатели ja интензивираат соработката

Од:

Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели денеска во Софија ќе потпишат договор за соработка.

Договорот, како што соопшти ДПМ, предвидува соработка меѓу литературните манифестации, како и преведување дела од македонски на бугарски јазик и обратно.

Со документот се планира учество на писатели од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката.

Договорот ќе го потпишат претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан и претседателот на Сојузот на бугарските писатели, Николај Петев.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ