Македонските археолошки богатства претставени во Њујорк

Од:

Во елитниот изложбен простор Скандинавска куќа во Њујорк вчера се одржа промоција на македонските археолошки богатства, културата и туристичките можности.

Изложбата беше отворена од Питер Хердрих, директор на Архелошкиот институт на Америка, а за македонското богатство од минатите векови зборуваа министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, директорот на Агенцијата за туризмот Јордан Трајков и професор Драги Митревски.

– Навистина сум задоволна, мислам дека имавме убава промоција која ја подготвиме заедно со Археолошкиот институт на Америка и со списанието Археологија. Промоцијата беше подготвена и од археолошки, туристички и од културен аспект. Во моето воведно излагање се осврнав на сите оние вложувања кои ги правиме во археологијата и воопшто инвестициите во културата. Ги запознав присутните со голем број артефакти кои во минатиот век беа откриени на нашите археолошки локалитети, како и со заштита и промоција на спомениците на културата, изјави Канческа Милевска.

Посетителите, меѓу кои експерти од областа на археологија, претставници на медиумите и на дипломатскиот кор, имаа можност да проследат видео презентации на најзначајните македонски археолошки локалитети, а беа подготвени и брошури и дискови со промотивен материјал за македонските наоѓалишта.

– Настанот го подготвувавме долго време, и навистина се потрудивме да го претставиме потенцијалот на Македонија. Истакнав дека археолошките артефакти пронајдени во Македонија ќе бидат поставени во новиот Археолошки музеј кој е во изградба во Скопје, и во кој ќе бидат поставени реконструкции на амбиентот, изјави министерот Канческа Милевска.

Освен археологијата, на настанот во Њујорк беше организирано и претставување на македонското природно наследство, културата, храна и вино, а настапија и културно-уметничкото друштво Гоце Делчев од Њу Џерси и музичарот Владимир Василески – Четкар.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање