Македонската филхармонија со „Моја љубов“ по повод Денот на вљубените

Од:

Македонската филхармонија в понеделник  од 20 часот ќе го одржи концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.

Под диригентство на маестро Борјан Цанев, ќе бидат изведени популарни теми, инструментални, но и вокални композиции кои се искористени во култни филмски остварувања, а кои пејат за љубовта, страста, вљубеноста.

Како солисти ќе настапат Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон).

Љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ги слушнат вечните композиции кои ги испеаја славните грла на Чет Бејкер, Ела Фицџералд и Нина Симон, Стинг или Паоло Конте, филмски теми на култните Енио Мориконе, Нино Рота, Крег Армстронг, Геби Верлор („Малена“, „Ромео и Јулија“, „Високи потпетици“) или оние на современите вокалистки и авторки Мишеле Гуревич и Ковач кои во последните години ја стекнаа светската популарност… За оригиналните оркестрации, специјално направени за овој настан, се погрижи македонскиот врвен композитор Владимир Николов.

Музиката ќе биде збогатена со танцот и кореографијата на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, како и со уникатен светлосен дизајн.

„Моја љубов“ требаше да се одржи на 14 февруари, но се одложи  поради трагичната сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост во земјава.

Би можело да ве интересира

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија

Концерт на Националниот џез оркестар во Филхармонија

А1он

Филхармонија ги демантира тврдењата на Дијана Имери Илкоска

Дијана Имери Илкоска објави дека и бил забранет влез во Филхармонија, диргентката остана без работа

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он