Македонска онлајн-делегација на јубилејниот 50. Филмски фестивал „Џифони“

Од:

Тринаесет средношколци од нашата земја, од вчера преку видеостриминг и конференциска врска го следат јубилејното 50. издание на најголемиот филмски фестивал за деца во светот „Џифони“.

Според тимот на „Џифони Македонија“, овaa година, нашите претставници учествуваат од Скопје, од просториите на „Џифони Македонија“, преку директна видеоврска со киносалите во Џифони, Италија, а програмата ја следат во безбедни услови, со доследно почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19.

Програмата со меѓународно учество ќе се одвива во две фази: првата, од 18 до 22 август и е наменета за учесниците од возрасните групи 16+ и 18+, додека пак втората фаза, наменета за групата 13+, ќе се одвива од 25 до 29 август.

-Фестивалот започна со намален број на учесници во живо и зголемен број филмофили онлајн и наместо првобитно планираните 7500 деца од целиот свет, пред филмското платно во киносалите во Џифони оваа година ќе седнат само 610 учесници, поради корона-ситуацијата. Ним ќе им се придружуваат уште 2000 други учесници на меѓународното жири од 32 града во Италија и уште 14 европски земји, а меѓу нив и 13 средношколци од Македонија кои фестивалот го следат онлајн преку видео стриминг и конференциска врска. На овој начин, и покрај здравствената криза што го погоди светот, Џифони успеа да го одржи на високо ниво меѓународниот карактер на овој светски познат фестивал, наведуваат од Џифони Македонија.

Фестивалот започна со канадскиот филм „Black Conflux“ во категоријата 16+, додека пак групата 18+ го изгледа бразилскиот филм „Pacified“. На програмата секојдневно има по два филма, како и други филмски проекции и средби со меѓународни ѕвезди од светот на филмот, меѓу кои Ричард Гир, Силвестер Сталоне, Кетрин Лангфорд, Глен Кин, Дејзи Ридли, Брајан Кренстон и други.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска