Македонска анимирана ТВ серија „Змејска градинка“ на форум во Париз

Од:

Проектот за анимирана ТВ серија „Змејска градинка“ на македонското студио за 2Д анимација „Линкс“, селектиран на престижниот „Крос Видео Дејс“ форум во Париз, во јуни ќе биде презентиран пред околу 150 телевизиски програмери од целиот свет.

Како што соопшти студиото „Линкс“, серијата „Змејска Градинка” ја раскажува приказната за осум немирни змејчиња и нивната дадилка-трол. ТВ серијата има 52 епизоди со должина од 11 минути, а автори се Бошко Дуковски и Гоце Цветановски.

– Многу сум среќен што секаде каде што ќе се појавиме веднаш го забележуваат високиот светски квалитет на нашите проекти. Полека, но сигурно Македонија влегува како сериозен играч на светската мапа на авторска анимација, изјави Гоце Цветановски, режисер на проектот.

Според Марко Угарковиќ, директор на студиото, доколку продолжи ваквиот интерес за нивните авторски проекти, ќе мора да отворат центар за обука и да обучат и вработат нови уметници и аниматори.

Би можело да ве интересира

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Пајо Паторот денеска полни 85 години

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска