Љутков: „Приказни за Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ не се само зборови на хартија

Од:

Денес беше посебен ден, исполнет со емоции и инспирација. Во Градската библиотека„Браќа Миладиновци“- Скопје присуствував на промоцијата на книгите на Брајово писмо, посветена на нашите мали херои – децата, напиша меѓудругото на Фејсбук министерот за култура, Зоран Љутков.

„Се чувствував гордо што бев дел од овој настан, кој не само што ја одбележува 200-годишнината од Брајовото писмо, туку и ја потврдува нашата одговорност кон инклузијата и образованието на децата со оштетен вид.

Секое прочитано слово, претставува чекор кон светот на знаењето и можностите. Книгите „Приказни за Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ не се само зборови на хартија, туку мостови кои им овозможуваат на децата да се поврзат со светот околу нив.

Чест ми е што можам да видам како се создаваат нови можности за нашите идни генерации. Книгите и знаењето треба да бидат достапни за сите, без разлика на предизвиците“ напиша Љутков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

Левица: Љутков ги повикал сметководителите надвор од работно време да изготвуваат плата, спротивно на Колективниот договор

А1он

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

Министерот Љутков им се извини на вработените во културата поради платата што доцни

А1он

СДСМ: Нема плата за Велигден за културните работници

А1он