Лани помалку ликовни изложби и посетители

Од:

Во Македонија во 2016 година се организирани 587 ликовни изложби, што е за 1,3 отсто помалку од претходната 2015 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во истиот период, за 1,9% е намален бројот на ликовните уметници – учесници на изложбите, а за 0,3% е намален бројот на посетителите на ликовните изложби.

Во 2016 година се организирани 27 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со 2015 година, е зголемен за 4,1%.

Би можело да ве интересира

Изложба на скулптури „Фрагментум“ на академскиот скулптор Александар Ефтимовски

Ана Ололовска