Изложба на скулптури „Фрагментум“ на академскиот скулптор Александар Ефтимовски

Од:

Изложба на скулптури „Фрагментум“ на академскиот скулптор Александар Ефтимовски вечер ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Името на оваа изложба доаѓа од латинското име „фрагментум“ што буквално претставува конкретен дел, одделен од една целина. Истиот тој „фрагмент“ е секое едно дело создадено од потребата на авторот од физичка активност и темпераментно дејствување врз материјалот. Секој еден дел или фрагмент е изработен во различно време и околина и е активиран од различни сетилни дразнења, што во тој даден период го обележува и претставува моменталното авторско творештво. Соединувањето на овие скулптурални дела во една целина ја потенцира уметничката имплозија и го објаснува текот на артистичкото создавање на скулпторот. Искуствата, кои скулпторот ги стекнува со неговите патувања, метафорички ги материјализира или врежува во материјалот и на тој начин ја обележува сегашноста на неговото уметничко творење. Сите стекнати искуства не се поврзани само со процесот на изработка на една скулптура, туку и со сетилните дразби, кои остануваат вмрежани некаде во неговиот ум, за подоцна да бидат исфилтрирани во едно или повеќе дела.

– Иако на оваа изложба ќе бидат изложони 10-тина дела, сепак тие се конструирани од повеќе делови или фрагменти. Тие ги симболизираат енергијата, времето на творење и животот на авторот, безмалку кажано тоа се деловите преку кои авторот го опишува творечкиот момент.

Александар Ефтимовски е визуелен уметник од областа на скулптурата. Тој во неговото творештво како основен материјал за изразување го користи каменот во сите негови бои, структури и цврстини. За создавање на неговите скулптури, авторот најмногу ја користи апстракната форма, која преку геометриските и овалните аморфни форми го карактеризира неговото дело.

Ефдтимовски своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара (Италија), каде што магистрираше во 2013 година. Во неговото еднодецениско творештво, Ефтимовски го претстави својот авторски израз учествувајќи на голем број ликовни фестивали. На многуте биеналиња и симпозиуми за скулптура во Европа, Америка и Азија, Александар изработи скулптури во голем формат и учествуваше во голем број ликовни изложби. Тој е добитник на повеќе награди и признанија, но најдраго и особено значајно му е првото место добиено на симпозиумот за скулптура во ОГрове, Шпанија. Дел од неговите творби се во постојаните колекции на Националниот ликовен музеј на Кина во Пекинг, колекцијата на Шиан, како и приватни колекции низ Европа.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“