„Ла МаМа кантата“ ќе го отвори 39. МОТ

Од:

Со „Ла МаМа кантата“ на театарот Ла МаМа од Њујорк утревечер во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе почне 39. меѓународен фестивал Млад отворен театар. Претставата е дел од европска турнеја, ги посети Италија, Хрватска и Србија, а по настапот во Скопје ќе гостува во Турција.

Композитор и режисер е Елизабет Свадос, а диригент е музичкиот режисер Крис Кукул. Перформансот е посветен на Елен Стјуард, која во 1961 го основала театарот Ла МаМа – дом на движењето Оф-оф Бродвеј, во кој играле голем број креативци, а настапувал или соработувал со 70-ина земји во светот.

Дел од екипата денеска на прес-конференција соопшти дека се работи за музички приказ на животот и делото на Елен Стјуард, со користење на зборовите и искуството на таа театарска легенда од Њујорк, која почина пред три години.

Кукул соопшти дека ќе настапи хор од осум изведувачи (тројца машки и пет женски) кои ќе го играат ликот на Елен, секој од нив изнесувајќи различен аспект од нејзниот карактер и личност.

– „Ла МаМа кантата“ е еден вид комеморација за ликот и делото на Елен, која почина во 2011 година. Се прикажуваат историографски факти, но и нејзиниот емоционален живот, работите што таа ги сакала, нејзината борба… Режисерката Свадос потекнува од Ла МаМа театарот и во Елен Стјуард гледа мајчинска фигура и тоа може да се почувствува во самото дело. Музиката сплотува различни видови музика од целиот свет, рече Кукул.

Нашата мисија, додаде тој, е да ги опфатиме сите аспекти на театарот и на уметноста воопшто. – Така што, на репертоарот се и драмски претстави, и куклен театар, музички и танцови претстави, опфатени се сите жанрорви. Тоа потекнува од нашата идеја дека театарот може да се користи како средство за комуникација со луѓето насекаде низ светот, рече Кукул. Појасни дека трупата што гостува е формирана специјално за претставата Ла МаМа кантата и не се дел од редовниот ансамбл на Ла МаМа театарот од Њујорк.

 

Утре попладне од 16 часот ќе биде презентирана работата на Ла МаМа театарот кој е во 53-тата сезона од Оф-оф Бродвеј. Директорот на МКЦ Златко Стевковски и организаторите на МОТ се среќни што го донеле познатиот театар.

Задоволство искажа и Љубиша Никодиновски-Биш, кој многу години го раководеше МОТ. Рече дека долго сакал да ги доведе на фестивалот, но дека не успаел поради несовапаѓање на термините. На гостите им соопшти и дека имал средба со Елен пред 30-ина години на конгрес на ИТИ (Интернационален театарски институт) во Кореја.

– Сега сум пресреќен зашто со ова гостување ќе се заокружи еден сон и оваа претстава ќе биде вградена за јубилејот на МОТ, рече Никодиновски.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ