Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Од:

Курт Расел одигра многу важни улоги во текот на неговата кариера, а во едно неодамнешно интервју ја издвои улогата што ја смета за најпредизвикувачка во неговата кариера.

Имено, во интервју за Vanity Fair, Расел изјави дека учеството во филмот „The Hateful Eight“ било едно од неговите најпредизвикувачки искуства. Во овој филм тој ја играше улогата на John The Hangman Ruth, познат „ловец на награди“.

„Преземањето на тој лик не беше лесно поради мојата личност. Тоа што бев толку бомбастичен, дрзок и неверојатно самоуверен бараше да станам сосема нова личност“, изјави Расел.

Со него во овој филм улоги играа и Семјуел Л. Џексон, Џенифер Џејсон Ли, Волтон Гогинс, Демијан Бичир, Тим Рот, Мајкл Медсен, Брус Дерн и Џејмс Паркс. Како и во многу други негови проекти, Тарантино го напиша сценариото за филмот кој беше номиниран за три Оскари во 2016 година.

Заплетот на филмот го следи Џон Рут, кој, со бегалката Дејзи Домерг, брза кон градот Ред Рок во Вајоминг по граѓанската војна. На патот, тие се среќаваат со друг ловец, мајорот Маркиз Ворен, кој тврди дека е шерифот.

Со надеж дека ќе се засолни од снежната бура, групата патува до станица лоцирана на планински премин. Таму ги пречекуваат четворица непознати.

Би можело да ве интересира

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

Пике раскинал со девојката поради која ја остави Шакира: Виден со друга жена

Предраг Петровиќ

Братот на Мајли Сајрус ја обвини Кети Пери дека ја копира неговата сестра: Те испративме во вселената, не успеа

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

Ќерката на Кевин Костнер откри: „Се борев со демони“

Предраг Петровиќ