Куновски: Тројца светски кинематографери се главните ѕвезди на „Браќа Манаки“

Од:

Десет различни филмски програми, повеќе од 100 филмови, од 50 земји во светот, награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Роби Милер и Џон Сил, 14 врвни кинематограферски остварувања во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, кои, Благоја Куновски – Доре ги селектираше главно од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција. Тој, годинава како директор на фестивалот рече дека тој ќе биде реализиран, на најдоар можен начин и со позитивна енергија.

-Тоа и’ го должиме на публиката, бидејќи меѓу неа и фестивалот има посебен флуид, а тоа е програмата, таа и гостите се најважниот сегмент на фестивалот. Годинава, ѕвезди се кинематограферите и ние сме горди што имаме дури три врвни светски кинематограферски имиња, рече Куновски.

Тој нагласи дека најмалку седуммина од кинематограферите од главната програма ќе бидат гости во Битола
На гала отварањето на фестивалот, на 10 септември, фестивалската публика ќе ја види македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и на неговиот син Данило.

Фестивалот ќе го затвори премиерата на новиот македонски игран филм „Златната петорка“, кој ќе биде прикажан надвор од конкуренција. Се работи за една историско-современа интерполирана морална драма, во режија на Горан Тренчовски, во која искусниот кинематографер Апостол Трпевски, адекватно оптимално ја оформува визуелната атмосфера.

Интернационалното жири ќе го предводи американскиот кинематографер и режисер Федон Папамихаил, кој, воедно е и годинашен добитник на Специјалната Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. Членови се: Клер Пијман, кинематограферка од Холандија, Алин Ташчијан, филмска критичарка и претседателка на Меѓународната асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, Ѓокан Тирјаки, кинематографер од Турција и Владимир Самоиловски, кинематографер од Македонија.

Друштвото на филмски професионалци на Македонија (ДФРМ), наградата „Голема Ѕвезда“ за исклучителен придонес за македонската кинематографија ќе му ја додели на светски познатиот продуцент Сајмон Пери, кој го продуцираше најуспешниот македонски филм “Пред дождот“.

Фестивалот „Браќа Манаки“ за прв пат добива финансиска поддршка, во висина од 40 илјади евра од МЕДИА, главно наменета за фестивалската програма Перспективи на европскиот филм., која на фестивалот ќе се прикажат вкупно 30 наслови.
Во Документарната програма публиката на фестивалот ќе види десет филмови од најновата светска продукција.

– Сите десет документарни наслови го содржат режисерскиот концепт на ангажираност кој антиципира присутност на актуелниот момент во постоењето на акцијата и немирот на протагонистите, рече Гена Теодосиевска, селектор и уметнички директор на Фестивалот.
Годинава филмска Земја во фокус е Турција. Годинашното фестивалско мото ја слави светлината, филмската уметност и градот Битола и гласи – „Movie On – Feel the light, Feel Bitola“ (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола), а за визуелниот идентитет на фестивалот е заслужна агенцијата „Ефектива“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Отворено јубилејното издание на фестивалот на европската култура „Букстар“

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано