Културното наследство и училиштата во фокусот на Европски денови на културното наследство 2020

Од:

Почна онлајн одбележувањето на Европските денови на културното наследство во нашата земја. Темата што ќе биде во фокусот на активностите оваа година е „Културното наследство и училиштата“.

Како што соопшти Нада Андоновска од Музејот на Република Северна Македонија и координатор на Европските денови на културното наследство, во повеќе европски земји, од почетокот на септември, активностите во рамки на оваа манифестација се реализираат во електронска форма, со поставување на електронски изложби, виртуелни тури низ музеи, Фејсбук и Зум настани, видео презентации и други содржини, на социјалните мрежи.

И во Република Северна Македонија, неколку музеи веќе се приклучија кон оваа иницијатива за приближување на културното наследство до пошироката публика, преку презентација на дел од своите музејски содржини по електронски пат.

Во текот на септември, Музејот на Република Северна Македонија редовно презентираше дел од своите колекции на Фејсбук https://m.facebook.com/muzej.makedonija/ и Инстаграм. Поставени се фотографии и текст за дрвени садови – „Ведра, коблиња и качиња“, а денеска ќе биде презентирана темата „Машка градска модна облека – ала франга“.

Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија на социјалните мрежи го постави каталогот од изложбата „Праиториските дами од Македонија“ на кустосот советник – археолог Ирена Колишткоска Настева. Изложбата беше во повеќе наврати презентирана кај нас и во светот. Каталогот е веќе испратен до сите училишта во земјата и учениците ќе можат да го видат онлајн на https://drive.google.com/file/d/1cD-zhfp9k_ocf1DC-UAINrtR–VRi0-Y/view?usp=sharing .

Музејот на современа уметност учествува во онлајн одбележувањето со виртуелна тура низ изложбата „Скопје, одново“, реализирана со куратор од Музејот на модерна уметност „МоМа“ од Њујорк и со ликовни дела од збирката на музејот. Турата е достапна на https://my.matterport.com/show/?m=NxJyiSXBHi8&fbclid=IwAR1Gb6fL90HRmeDRQb-AqOMVQlLXuhK_FuChRmHjWmsGtZ08Ojef92rVcmo .

За триесет предмети од својата колекција, Завод и музеј Битола има подготвено аудио нарација за приказната на предметот и видео на знаковен јазик. Овие записи се поставени на веб-страницата на музејот, на Јутјуб и на социјалните мрежи.

Националната галерија на Републија Северна Македонија се вклучува во манифестацијата со поставување на видео од ликовниот конкурс „Го сакам мојот роден крај“, реализиран онлајн со деца од дијаспората, во текот на летото. Видеото може да се погледне на https://www.youtube.com/watch?v=dsZg_RlaLtg .

ХАЕМУС Центарот за научни истражувања и промоција на културата на својата веб-страница ја постави изложбата „Светата планина на Скопје“. Преку галерии на фотографии и едукативни видеа, ќе може да се погледне огромното архитектонско и уметничко богатство на Скопска Црна Гора на http://haemus.org.mk/the-holy-mountain-of-skopje/ .

Централниот дел на манифестацијата ќе биде реализиран во периодот од 1 до 7 октомври 2020 година, кога од страна на повеќе музеи ќе бидат организирани отворања на изложби, едукативни активности и други настани, со физичко присуство на посетителите.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање