„Културното наследство и одржливиот туризам“, тема на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

Од:

„Културното наследство и одржливиот туризам“ е тема на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој го одбележуваат националните комитети на ИКОМОС во 108 земји во светот, меѓу кои и во Македонија.

Што се однесува до грижата за спомениците во кумановско, надлежен е Националниот конзерваторски центар, а како што објасни директорот на Кумановскиот музеј, Дејан Ѓорѓиевски, установата управува единствено со археолошкиот локалитетот Кокино.

– Како музејска установа немаме право да се грижиме за спомениците и локалитетите, туку само за движното културно наследство за кои надлежни се Националниот конзерваторски центар, но можам да кажам генерално, состојбата на спомениците во Македонија, но и во кумановско е добра. Последниве десет години имаше огромни инвестиции во заштитата и откривањето на спомениците, а се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во наредниот период, изјави Ѓорѓиевски.

Регионот, посочи, располага со археолошки локалитети, а особено внимание се посветува на сакралните објекти, цркви, манастири.

Додаде дека денешниот ден го користат за апел до надлежните и и воопшто до јавноста да се води грижа за споменциите и нивната значајност за нашето културно наследство.

Инаку, на подрачјето на кумановско има приближно 90-ина споменици.

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, е востановен во 1983 година на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел