Креативна работилница за деца од Здружението „Во мојот свет“

Од:

Археолошкиот музеј во рамките на Европските денови на културно наследство и во согласнот со годинашната тема „Уметност и забава”, денеска ќе организира креативна работилница за деца со аутизам, АДХД или со Асперегов синдром, кои доаѓаат од здружението „Во мојот свет”. Работилницата е насловена „И јас можам” и ќе се одржи во едукативното катче „Млади археолози”.

– Како општествено одговорна институција која е музеј за сите, ја промовираме инклузивноста со редовно организирање едукативни работилници кои имаат цел поттикнување на креативноста и имагинацијата на лицата со попреченост. Археолошката едукативна работилница има програми за сите деца од предучилишна и училишна возраст. Интерактивните содржини и можноста за креативно изразување преку моделирање со глина, цртање и пишување го привлекуваат вниманието на дечињата кои избираат да ги прославуваат своите родендени токму во катчето „Млади археолози”, соопшти Археолошкиот музеј.

Би можело да ве интересира

Археолошкиот музеј го покренува проектот „Прашај го археологот“

Ана Ололовска

Откриено исклучително погребување на локaлитетот Гимбабица

Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители

Ана Ололовска

Археолошкиот музеј од денес отворен за посетители

Ана Ололовска

Археолошкиот музеј подготвен за изложбата „100 години Требениште“

Ана Ололовска

Изложба во Археолошки музеј – „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”

Ана Ололовска