Конкурс за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Од:

Министерството за култура на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) го објави Конкурсот за државната награда  „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, кој ќе трае од 1-ви до 31 октомври  2016 година.

Со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството и во една година може да се доделат најмногу две награди.

Ја доделува Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Оваа државна награда се врачува во Собранието на Република Македонија на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Наградата првпат е доделена во 1969 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат