Концерти во Куманово како поддршка за борците против Ковид-19

Од:

Два концерти ќе проследат кумановци за време на полицискиот час, информираат од Општина Куманово и од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Оркестарот на млади при НУЦК ,,Трајко Прокопиев” за време на полицискиот час одржа концерт со теми од македонската поп-рок музичка ризница, а во знак на поддршка на сите учесници во борбата со Ковид-19.

-Во ова време на пандемија Центарот за култура најде модус да допре до граѓаните преку онлајн содржини. Младинскиот оркестар функционира шест месеци, а концертот ќе биде прикажан на социјалните мрежи и локалната ТВ Плус-информира директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Утре, со пренос во живо на локалната телевизија со почеток во 16:00 часот во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово ќе се одржи првиот музички онлајн концерт во Куманово. Концерот е во вид на кампања за борба против Ковид-19 со мото #ОстаниДома на кој што ќе настапат кумановските пејачи, Маргица Антевска, Нино Величковски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски, Мартија Станојковиќ и дел од учесниците во проектот „Кумановци за Куманово”.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање