Вистински спектакл од звуци, традиција и сценска изведба со повеќе традиционални носии и костими, приреди Вокалниот руски ансамбл „Чајка“ синоќа во Центарот за култура во Битола. Ансамблот пред публиката го прикажа прекрасниот руски мелос и големиот фонд на костими, а за време на изведувањето на композициите, беа користени елементи од руски танцoви движења.
Рускиот вокален ансамбл „Чајка“ постои од 1999 година, изведувајќи ја руската песна, традиција и танц. Два пати ја претставуваше Македонија на Фестивалот на руската песна во Русија (Москва). Добитник е на првото место на Балканскиот меѓународни фестивал на руската песна во 2014 година.
Вечерва на програмта на Битфест има промоција на книгата „Лобирање во културата-Конзулската дипломатија во Битола“ од Марјан Танушевски и концерт на Исмаил Лумановски и „Њујорк џипси ол стар“.