Концерт на „Мизар“ и „Хармосини“ во Македонска филхармонија

Од:

Култниот „Мизар“ и хорот „Хармосини“ вечер во Македонска филхармонија ќе го одржат концертот „Гласови”. На сцената ќе бидат придружувани од десетина врвни инструменталисти – група на free јazz музичари и класично-гудачка секција.

Концертот со ваков концепт се одржува прв пат, а најавен е како своевиден спектакл кој ќе понуди незаборавно, сосема поинакво доживување – добра музика, одлична атмосфера и моменти за историја. Публиката ќе има можност да ги слушне„Бело море“, „Константинопол“, „Златно сонце“, „Градот е нем“, „Амфилохиј“, „1762“, „Глас“, „Ходен Же“,…

Ансамблот кој стои зад „Гласови“ брои 17 члена. Во него, покрај „Мизар“ (Горазд Чаповски и Илија Стојановски) и „Хармосини“, вклучен е и оркестар предводен од аранжерот и диригент Дени Омерагиќ. Оркестарот го сочинуваат Драган Теодосиев и Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет и саксофон), Благојче Томевски (кларинет и бас кларинет), како и петчлената гудачка секција: Глигор Кондовски, Тони Арслан, Сања Смилевска, Фиола Исмаили и Марко Крстевски.

Според фронтменот на „Мизар“, Горазд Чаповски, ова ќе биде почеток на ново откровение.

-„Мизар“ не е само музика. „Мизар“ е повеќе од обичен рок-бенд. „Мизар“ е борба, пркос. „Мизар“ е еден од бедемите на македонската музика, култура и национален идентитет, велат организаторите на концертот.

Чаповски во четвртокот, на прес-конференцијата по повод „Гласови“, најави нов материјал кој, како што рече, може да се очекув

Би можело да ве интересира

Stefani & The Upper Room: Госпел концерт што носи порака на надеж и вера

А1он

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани

Македонска филхармонија доби поддршка од колегите од Белградска филхармонија

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија