Концерт на контратенори и прв настап на Детскиот хор „Фалсето“

Од:

– Во рамките на 44. Мајски оперски вечери, во Македонската опера и балет денеска од 20 часот ќе биде изведен концерт на тројца контратенори Макс Емануел Ценчиќ од Хрватска, Василиј Хорошев од Русија и Реј Ченез од САД. Режисер на концертот е Дејан Прошев, а ќе го води американскиот диригент Морис Гнан.

– Контретенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови, соопшти МОБ.

На програмата на Мали Мајски вечери наменета за најмладите, од 12 часот во фоајето ан МОБ ќе настапи Детскиот хор „Фалсето“, под диригентство на Теа Богатинов.

Хорот „Фалсето“ на Македонската опера и балет беше формиран во март годинава и денешниот концерт ќе биде негов прв јавен настап.

Би можело да ве интересира

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска

Операта „Лучија од Ламермур“ на 15 мај

Ана Ололовска

Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“

Ана Ололовска

Почнуваат 46. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Со „Аида“ вечер ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска