Концерт на хорот „Про Арс“ во МОБ

Од:

Во фоајето на Македонската опера и балет вечерва концерт ќе одржи диригентот Сашо Татарчевски и мешаниот хор „Про Арс“.

Концертот е насловен „Бисери на македонското хорско творештво“, а на програмата се композиции од претставниците на првите генерации на македонската композиторска школа, Властимир Николовски, Кирил Македонски, Стефан Гајдов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков и Драган Шуплевски.

Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски. Во своето петгодишно делување хорот има настапи на Охридско лето, Денови на македонска музика, самостојни концерти од циклусот „Јубилеи“, соработка на проекти со разни други институции и фондации  како и студиски снимки за високобуџетни филмски остварувања и странски едукативни програми.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат