Етно-групата Езерки & 7/8 вечерва ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба по повод одбележување дваесет години од формирањето на Хрватско-македонското друштво од Загреб.
Езерки & 7/8 е хрватски етно-состав кој постои на сцената повеќе од 15 години. Се инспирираат од македонската етно музика, а зад себе имаат реализирано неколку албуми и многу концертни настапи.
Концертот се реализира со помош на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Република Хрватска, Поглаварството на град Загреб,…