Концерт на дуото „Скупи“ во Кавадарци

Од:

Концерт на дуото „Скупи“ се одржа синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Јета Старова Мехмети на флејта и Ермаљ Мехмети на виолина се претставија со „Македонски звуци“.

Говорејќи за животот и делото на уметниците, кои имаат освоено бројни награди и признанија во земјава и странство, актерот Диме Коцевски истакна дека дуото „Скупи“ постои од 2006 година.

– Оттогаш со голем успех настапува на значајни фестивали, манифестации и рецитали во Македонија, Европа и САД, рече Коцевски.

Дуото е добитник и на статуетката за хумани и музички активности „Мајка Тереза“. Има издадено два албума од кои едниот се преработки на стари албански песни и теми, а другиот преработки на македонски стари песни и ора.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична