Колективна изложба со дела создадени на меѓународната уметничка колонија на Попова Шапка

Од:

Во просториите на Уметничката галерија во Тетово од вчера се поставени уметничките дела кои беа создадени во рамки на „Меѓународната уметничка колонија 2021“ која изминатите денови се одвиваше на Попова Шапка со учество на 15 автори од неколку соседни земји. Во изложбениот простор се претставени 24 дела кои ќе можат да се погледнат во наредните десет дена.

–Колективната изложба традиционално се организира како завршен настан од меѓународната уметничка колонија. Оваа година уметниците создадоа дела со различни техники, инспирирани од убавините на Шар Планина. Изложбата беше свечено отворена од директорот Илир Куртиши и државниот секретар на Министерството за култура Валмир Азири. На учесниците им беа предадени благодарници за неуморната работа и постигнувањето на целта, информираат од Уметничката Галерија Тетово.

Уметници учесници на колонијата беа Забедин Мемиши, Енеса Мемеди, Христина Зафирофска, Ана Ивановска, Драгица Чекерова, Рефки Голопени, Зенун Шерифи, Дренуша Палоши, Валентина Илиевска, Афердита Кики, Арта Рушити-Фетаху, Снежана Мелник, Хајруш Фалзиу и Илбер Зулфиќари. Тие на Попова Шапка работеа од 27 до 31 август.

Би можело да ве интересира

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски

Обвинителство: Се скарал со синот и со еден истрел во градите го ликвидирал

Истрагата откри: Тетовчанец пред два дена со ловечка пушка си го убил синот

Горан Наумовски

39-годишен маж од Тетово е пронајден мртов со прострелна рана во главата