„Клуб Матица“ од утре го почнува саемот „Книга во секој дом“

Од:

Издавачката куќа „Матица“ утре го почнува 13. Саем на книгата „Книга во секој дом“ кој се одржува во нејзината книжарница. И годинава во понудата се изданија од различни области од домашни и светски автори, книги за деца и енциклопедии, со попуст од 10 до 80 отсто.

– Нашата девиза е дека културата се создава, а традицијата се негува и одржува. Така и оваа година, со нови 100 наслови и повеќе од милион книги во вкупната понуда како бројка, со просечна цена од 120 денари, решени сме да го оправдаме нашиот основен слоган ’Книга во секој дом’, соопшти „Клуб Матица“.

Саемот ќе трае до средината на февруари и во негови рамки ќе се одржуваат промоции и средби на писатели со читателите. Првата ќе биде утре напладне со писателот Блаже Миневски и неговата најнова книга „Црна лисица“.

Саемот на книгата на „Клуб Матица“ ќе се одржува и во поголемите градови низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање