Ќе се конзервираат и дигитализираат скици на Диего Ривера

Од:

Институтот за уметност од Детроит дигитално ќе ги архивира 13-те скици кои на Диего Ривера му служеле како подготовка за „Детроитските индустриски мурали“. Скиците, кои повеќе од 30 години биле непознати за јавноста, досега не биле дигитално фотографирани.

Проектот ќе опфати не само документирање туку и сите неопходни конзерваторски зафати на деликатните цртежи. Поради големината и кревкоста на материјалите, овие скици не може да патуваат во други музеи и последен пат биле изложени во 1986 година. Сега се сместени во специјална просторија со контрола на влажност и температура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање