Кино Култура ќе го прослави вториот роденден

Од:

Кино Култура вечер од 21 часот ќе го прослави својот втор роденден. Функционира како културен простор кој го негува развојот на изведувачките современи уметности и култура, и обединува теми, пристапи и пракси од поширокиот граѓански сектор со кои ја развива културната јавна сфера во земјата.

Кино Култура ги отвори вратите за своите соработници и публика на 24 декември 2015 година. Двегодишното активно работење креира и поддржа реализација на повеќе од 200 нови содржини од областа на современата уметност и современата култура, која опфати бројни теми и активности на пошироката граѓанска сцена.

Освен драмски, танцови, постдрамски, експериментални претстави, во Кино Култура се реализираа и образовни, резиденцијални и продукциски активности во современите изведувачки уметности, како и книжевни фестивали и промоции, концерти, конференции, дебати, уметнички истражувања, публикации, филмски фестивали, програми за деца, млади и лица со посебни потреби, програми за актуализација на родовите и ЛГБТ прашања преку културно-уметничка пракса итн.

Кино Култура е проект на Театар на Навигаторот Цветко и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата реализиран во соработка со партнерот Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Премиера на „Хамлет“ во кино Култура

Наум Локоски

Дебата „Пропаганда – новиот јазик на медиумскиот спектакл“ вечерва во Кино Култура

Предраг Петровиќ