КИЦ на Македонија во Софија утре ќе ја почне годинашната културна понуда

Од:

Со мултимедијалниот проект „Сподели радост”, Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија утре пред тамошната публика ќе ја почне културната понуда за 2017 година.

– Вечерта посветена на македонската поезија, песна и ликовна уметност, концепциски ја осмислија актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика. Ќе бидат интерпретирани познати стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Светлана Христова-Јоциќ, Катица Ќулавкова, Лилјана Дирјан и други, информира КИЦ на РМ во Софија.

Во ликовниот дел од програмата на настанот „Сподели радост“ ќе бидат претставени дела од Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Слободан Милошевски и Иво Пецов.

– Овој проект, во кој активно се вклучени македонски уметници кои студираат, живеат и работат во Бугарија, оваа година веќе има добиено покани за претставување во Пловдив, Асеновград, Созопол, Банско и Сандански, соопшти Македонскиот културен центар во бугарската престолнина.

Настанот ќе го отвори директорот Васко Шутаров, кој на публиката ќе и ја претстави и програмата за работа на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел