Караванот на мимозите во Битола

Од:

Битола годинава ќе биде домаќин на караванот на 51-виот Празник на мимозите, кој го организира Општина Хергег Нови, од Црна Гора. Дефилето на градска музика и мажоретки од Херцег Нови, ќе се одржи на 26 јануари, со почеток во 12 часот, а почетна позиција ќе биде Плоштадот Магнолија, каде ќе бидат поставени и штандови, на кои ќе биде промовирана мимозата, симбол на овој град.

Дефилето ќе продолжи по Широк Сокак, а граѓаните ќе имаат ретка можност да видат дел од атмосферата која по Повод празникот на мимозите, се организира секоја година во Херцег Нови.

Херцег Нови е збратимен град со Битола и ова дефиле е резултат на одличната соработка на локалните самоуправи, особено на градоначалниците на двете општини.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски