Кафе фестивал „Кафе кабана на Широк Сокак“ во Битола

Од:

Во рамките на културната манифестација „БитФест“, утре во Битола ќе се одржи фестивал на кафето „Кафе кабана на Широк Сокак“.

Цветанка Ристевска, одговорна за односи со јавноста во Општината, информира дека на фестивалот на кафето ќе учествуваат производители и дистрибутерите на различни видови кафе во Македонија, и дека покрај конвенционалната комерцијална презентација ќе имаат можност за непосреден, забавен и несекојдневен начин пред своите конзументи да ги презентираат и промовираат своите кафиња.

– На Широк Сокак ќе бидат забележани  дел од познатите лица со филџан кафе на „лаф“ муабет продолжувајќи ја старата градска битолска традиција, денот да започне продолжи и заврши во добро друштво и уште подобро расположение со неколку филџани кафе, рече Ристевска.

За време на манифестацијата македонските компании производители и дистрибутери на кафе ќе постават штандови, а паралелно ќе бидат вклучени и битолските кафулиња во кои ќе се одвиваат дел од програмските содржини на фестивалот на кафето во овој град.

Би можело да ве интересира

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж