„Јон Вардар против галаксијата“ во официјална селекција на FIXION Fest во Чиле

Од:

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со своето меѓународно патување, овојпат со учество на FIXION Fest – фестивал за фантастичен и хорор филм кој се одржува во Чиле.

Филмот е избран меѓу десетте долгометражни остварувања во официјалната селекција, во рамки на јубилејното десетто издание на фестивалот. Селекцијата опфаќа наслови од различни делови на светот, со фокус на современата жанровска продукција.

„Јон Вардар против Галаксијата“ претходно беше прикажан на повеќе фестивали во Латинска Америка, вклучително и на некои од најголемите на континентот, како фестивалите во Сао Паоло и Буенос Ајрес. Како прво долгометражно анимирано остварување на нашата земја, за филмот беше објавен и напис на CNN Brasil. Од продукцијата најавуваат уште новости поврзани со Латинска Америка.

Сценариото и режијата ги потпишува Гоце Цветановски, продуцент е Алан Кастиљо, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, директор на анимација е Димитар Ѓоргиев, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против галаксијата“ со награда на фестивал за научна фантастика во Мајами

Американска премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ во Мајами

„Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина

Премиера на „Јон Вардар“ во Африка и Португалија

„Јон Вардар“ со награда во Њу Делхи

Јон Вардар против Галаксијата награден за најдобар анимиран филм во Романија