„Јон Вардар против Галаксијата” селектиран на пазарот на анимации во Штутгарт

Од:

Долгометражниот анимиран проект „Јон Вардар против Галаксијата” е избран во официјалната селекција на десеттиот пазар за анимации Animation Production Day во Штутгарт, Германија.

Проектот на „Линкс студио“, по сценарио и режија на  Гоце Цветановски, досега беше претставен и на филмските пазари во Париз и Мајами и на копродукцискиот пазар „Софија митингс“ во Бугарија.

– Се надеваме дека интересот на меѓународно ниво ќе придонесе за побрзо заокружување на финансиската конструкција на филмот и од септември официјално би почнале со продукција. Засега, имаме екстремно позитивни реакции и за естетиката, за што е заслужен нашиот арт-директор Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, и за квалитетот на анимацијата за која е одговорен Бенжамин Хотон, директор на анимација од Франција, изјави Марко Угарковиќ, директор на „Линкс студио“.

Сценаристот и режисер Цветановски е задоволен од успешната презентација на проектот на сите релевантни анимациски пазари и форуми за содржини за деца.

– Со ова докажавме дека Македонија има капацитет за изработка на долгометражен анимиран проект со светски квалитет и се надевам дека „Јон Вардар“ ќе израсне во препознатлив македонски бренд. Покрај филмот,  подготвувавме и ТВ-серија, како и неколку видеоигри кои се случуваат во истиот свет и со истите ликови, изјави Цветановски.

„Линкс студио“ е единствено студио во Македонија кое изработува рачна 2Д анимација. Проектот „Јон Вардар против Галаксијата” го најавуваат како најсмешна вселенска опера на сите времиња, а македонската премиера се очекува во  2018 година.

Би можело да ве интересира

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Пајо Паторот денеска полни 85 години

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска