„Јон Вардар“ на форум за анимација во Чешка

Од:

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ја продолжува својата успешна турнеја по европските и светските пазари за филмска копродукција.

По селекцијата во Софија Митингс во март и Светскиот ден на анимациска продукција во Штутгарт во април, проектот на „Линкс студио“ ќе биде презентиран и на Вишеградскиот форум за анимација во Чешка во мај.

– Во Софија поминавме многу подобро отколку што очекувавме. Добивме понуда за копродукција од 8 земји, како и понуда за дистрибуција од компанија која работи со оскаровци и блокбастери. Мислам дека присутните продуценти го намирисаа комерцијалниот потенцијал на нашиот проект, изјави Гоце Цветановски, автор на сценариото и режисер на проектот.

Марко Угарковиќ, директор на „Линкс студио“, смета дека се на пат да креираат препознатлив македонски филмски бренд.

– Во Вишеград ќе ја презентираме ТВ-серијата за детството на Јон Вардар и неговото пријателство со вонземјанското куче Џестер. Исто така, веќе работиме на дизајнот на неколку видеоигри, а во преговори сме и за изработка на играчки инспирирани од филмот, изјави Угарковиќ.

Според проценките на продуцентот Алан Гонзалез, филмот ќе се работи околу две години. Автор на дизајнот за ликовите и позадините е илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Бенжамин Хотон.

Би можело да ве интересира

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Пајо Паторот денеска полни 85 години

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска