Општина Битола го објави јавниот повик за учество во програмата на годинашното културно лето „БитФест 2019“.
Јавниот повик е за манифестации и проекти од областа на културата, кои локалната самоуправа ќе ги кофинансира, за што се обезбедени 4 милиони денари.
Од Општина Битола информираат дека финансиски ќе се поддржат настани со музичко и музичко–сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео,фото и филмска уметност, литература, фолклор и нови уметности.
Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата со седиште во Општина Битола, а доколку апликантот е со седиште во друга општина, проектот треба да се реализира и презентира на територијата на Општина Битола.
Јавниот повик завршува на 7 јуни.