Јапонскиот амбасадор ќе го отвори Нихон-џи 2.0 со музички настап

Од:

Во рамки на овогодинешниот Нихон-џи 2.0 кој ќе се одржи на 27-ми мај во Мала Станица, се прикажува музичка програма која вклучува изведувачи од македонско и јапонско потекло, а кои со своите различни стилови и концепти ќе му дадат сосем поинаква димензија на целиот настан.

Со свој музички настап на класична гитара, амбасадорот на Јапонија ќе го отвори фестивалот.

Импресивниот, евокативен соло перформанс на Елена Христова („Баклава“, „Баба Зула“, „Бекјард Џез“, „Биоскопија“ и бројни други проекти) ќе ја доближи традиционалната јапонска музика поблиску до срцата на присутната публика и ќе понуди едно поинакво, егзотично патување кое овозможува поврзување низ просторот и времето. Нејзината музика претставува фузија од мноштво стилови како емулгатор кон еден оформен world music звук.

Елена Христова е пеач, музичар, композитор, едукатор и неуморен истражувач и документарист, чии изведби се карактеристични по својата храброст и искреност во намерата да се создаде автентичен музички израз. Твори на повеќе јазици и свири различни инструменти, а на светската музичка сцена е активна веќе две и пол децении.

Во продолжение, публиката ќе има можност да ужива во уште едно поинакво музичко искуство заедно со колективот Maborosi, составен од Ају Саита (вокали), Јордан Костов (хармоника, пијано) и Саша Саита (перкусии, гитара) и Андреа Мирческа (контрабас).

Музиката на Maborosi (јапонски термин за „етерично“) е еклектичен спој на јапонски ретро фолк/поп песни со ритми и мелодии од целиот свет како балкански, латино, џез, афро-кариби и индиски со малку Saudade што ве водат на сентиментално патување.

Музичката програма ќе биде затворена со адреналински електронски сет на скопскиот диџеј Andreas Hz, кој е препознатлива и активна фигура во клупската музичка индустрија, комбинирајќи го светот на електронската музика со филозофијата и технологијата. Тој создава богат, текстуриран и препознатлив звук, црпејќи инспирација од конструктивистичка техно, индустриска и бас музика за да обезбеди моќно и уникатно искуство на подиумот.

Покрај внимателно селектираната музичка програма, Нихон-џи 2.0 на својата публика ѝ ветува уште едно незаборавно целодневно искуство преку изложби, проекции, трибини, поезија, работилници, презентации, игри, мода, боречки вештини и продажен дел.

Би можело да ве интересира

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска