Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Од:

Дваесеттина фотографии со мотиви од Општинската зграда, споменикот на Револуцијата, цркви, џамии, културни установи…, направени од средношколци од Струга, дел од проектот „Мултикултурализам и радикализација: нови пристапи кон старите проблеми“ денеска беа изложени во мезе бар „Кингстон“.

Со изложбата, како што истакна Ана Наумоска, координатор, заврши првиот модул од проектот за мултикултурализам, што го спроведува здружението „Аква“ во соработка со NEXUS Civil Concept и Horizon Civitas, финансиран од Civica Mobilitas.

– Целта е младите во Струга да се запознаат со идејата за мултикултурализмот и да развијат вештини на меѓусебна толеранција, почитување и славење на разликите, да се потврди сликата дека Струга е мултикултурно општесто и треба да го почитуваме како такво. Децата ја избраа фотографијата како креативна алатка со која ќе работат, беа во посета на неколку религиозни институции и културни установи, каде направија фотографии од работи кои го претставуваат мултикултурализмот, истакна Наумоска.

Во проектот учествувале 10 средношколци од различни националности, кои имале можност да посетат дел од верските објекти во градот.

– Децата од муслиманска вероисповед прв пат влегоа во црква, а од христијанска прв пат во џамија. Имаа можност да видат како живее спротивната култура, религија, верска припадност и да видиме дека тоа е богатство на градот и треба да го задржиме како такво, нагласи Наумоска.

Гоце Цветков, кој е дел од проектот како обучувач по фотографија, најпрво ги подготвил учесниците со основите на фотографијата, потоа им дал задача да фотографираат, за на крај да ги анализираат и да ги увидат грешките.

– Излеговме на терен, бевме во црква, во џамија… со цел да го претставиме мултикултурализмот преку фотографија. Имавме анализа на фотографиите и потесна селекција, а дел се изложени тука, рече Цветков.

Претседателката на здружението „Аква“ Славица Јовческа истакна дека целта на програмата е едукација на младите за клучните теоретски основи на концептите на мултикултурализмот и радикализмот, но и практичните механизми за справување и менаџирање со нив на локално ниво, како и адресирање на предизвиците преку употреба на креативни алатки за младински активизам.

Дел од изложените фотографии ќе бидат задржани од учесниците, а дел донирани во институциите.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска

Изложба на 30 црно-бели фотографии на Станко Абаџиќ во Скопје

Ана Ололовска