Изложба на македонски традиционални носии и накит во Марсеј

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечер ќе ја отвори изложбата на традиционални носии и накит на НУ Музеј на Македонија во рамки на претставувањето на македонската култура во Марсеј.

Посетителите на изложбата во музејот „Куќа на занаетчиството и уметничките занаети“ во Марсеј ќе можат да видат рачно изработени македонски носии со богат колорит и везени декорации кои ги отсликуваат македонската традиција и македонските обичаи. Отворањето на изложбата ќе биде збогатено и со настапот на Зоран Маџиров, кој ќе се претстави со своето музицирање на стаклени шишиња.

Република Македонија и нејзините уметници ќе бидат дел и од 7-те  Франкофонски игри што ќе се одржат од 7 до 15 септември во Ница. На оваа најмасовна спортска и културна манифестација во светот по Олимписките игри, Македонија земја ќе биде присутна по четврти пат. На Франкофонските игри, меѓу претставници на 70 земји од светот, ќе не претставуваат уметниците: Ѓорѓе Јовановиќ (фотографија), Горан Менков (сликарство), Ана Ивановска (скулптура-инсталација), Индиго-квартет и Искра Шукарова (танци), студиото „Брејк а лег“ (хип-хоп) и групата „Д-Џон“ (музика).

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање