Изложба на карикатури од Делчо Михајлов

Од:

Вечерва во 20:00 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена постхумна изложба на карикатури од целото творештво на Делчо Михајлов.

„Дејноста на Михајлов во полето на карикатурата е една затворена и заокружена целина. Таа е израз на еден доблестен напор за прифаќање, освојување и присвојување на модерноста на нашето општество. Неговото творештво, како и дејствувањето на целата генерација карикатуристи кои почнуваат во шеесеттите години, е дел и израз на колективниот напор за опстојување и припаѓање на оваа насока. Она што е само нивно или она што е само негово е квалитетот, односно успешноста на чекорењето по таа патека која нудела толку многу надеж и остварувала неочекувани вредносни резултати“, велат од Музејот на град Скопје.

Делчо Михајлов (1947) е еден од водечките македонски карикатуристи и аниматори.Својата прва карикатура ја објавил на 14-годишна возраст, а од 1970 година редовно учествувал на конкурси, изложби и фестивали низ целиот свет, каде што е добитник на многубројни награди. Автор е и на повеќе книги со карикатури. Учествувал на околу 220 групни изложби и околу десетина самостојни изложби. Почина во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање